Јунакот на Реал Мадрид во финалето од Лигата на Шампиони, Серхио Рамос го додаде пехарот на неговото тело со тетовирање.

Со погодокот на шпанскиот репрезентативец во 93-та минута „кралевите“ се спасија од пораз и во продолжението успеаја да го совладаа градскиот ривал Атлетико со 4-1.

На едната нога Серхио Рамос го има трофејот „Жил Риме“ од Светското првенство, а сега телото го збогати со најсветлото одличје од ЛШ.

Мх.П.