По спекталарното промашување во
полуфиналето од Лигата на Шампиони, дефанзивцеот на Шпанија, Серхио
Рамос беше прецизен во пенал рулетот и тоа изведувајќи го “Паненка“
ударот.


– Отсекогаш сум сакал да изведам ваков пенал. Посебно сега откако онака промашив со мојот тим– вели Рамос.

Централниот дефанзивец беше еуфорично расположен по пласманот во финалето. – Возбуден
сум, ни требаше многу трпеливост за да стигнеме овде. Финалето е
награда за колективот. Горд сум што сум Шпанец и што придонесов за уште
еден голем успех за нашиот спорт
– рече Рамос.

Пласманот им го посветувам на мојата девојка и на мојата фамилија – додаде Рамос, кој притоа рече дека не му е важно дали Италија или Англија ќе биде нивни протвник во финалето.

Сепак противник на Шпанија во финалето ќе биде подобриот од дуелот Италија – Германија.

M.П.