Дисциплинската комисија на Шпанија, ги изрече казните за “поцрвенатите“ на мечот од Примера Дивизион, помеѓу Виљареал – Реал Мадрид кој заврши без победник 1-1.


Најдебелиот крај го извлече Пепе заработувајќи суспензија од два натпревари, германецот Месут Озил, тренерот Хозе Мурињо и неговиот помошник Руи Фарија се казнети со еден натпревар додека помилуван е Серхио Рамос, откако еден жолт картон му е избришан.

Суспендираните  фудбалери Пепе и Озил ќе го пропуштат мечот со Реал Сосиедад пред своите гледачи, а “кралевите“ ќе бидат ослабени на клупата откако Мурињо и неговиот помошник натпреварот ќе го проследат од трибините.

Мх.П.