Рамуш Харасинај денеска поднесе оставка на функцијата премиер на владата на Косово, бидејќи добил покана да се јави пред судот во Хаг во својство на осомничен за воени злосторства, јавуваат косовските медиуми.

Српските медиуми, пак, пренесуваат дека Харадинај последниот период влегол во отворен конфликт со претставниците на меѓународната заедница, но и со претседателот на државата Тачи, во врска со неговиот тврд став околу санкциите кон Белград. Тоа ги закочи преговорите помеѓу Белград и Приштина за решавање на косовското прашање.

Сепак, на крајот од прес конференцијата на која ја образложи оставката, Харадинај истакна дека санкциите кон Белград и натаму ќе останат на сила. Се очекува наредните денови претседателот на Косово Хашим Таи да донесе одлука за распуштање на парламентот и вонредни избори во земјата.

Ова е втор пат Харадинај да поднесе оставка од премиерската функција како осомничен од судот во Хаг. Првиот пат беше ослободен од обвиненијата.

OhridNews