Приштинскиот адвокат и политички аналитичар Азем Власи во понеделникот утрото бил ранет од огнено оружје, потврди косовската полиција.

Како што пренесува „Макфакс“ неговата сопруга Надира Авдиќ-Власи изјавила дека едно лице го ранило Власи во рамото и дека тој се наоѓа во Ургентниот центар на Клиничко-болничкиот центар на Косово и е вон животна опасност.

„Утринава кај него дојде едно лице кое бараше од Азем да го застапува во некој предмет. Азем му кажа дека не работи на таков предмет и потоа дојде, како можев да забележам до туркање, по што се чу истрел. Азем е ранет во рамото“. – изјавила сопругата.

Азем Власи бил во свесна состојба и се подготвува за операција, додаде Надира Авдиќ-Власи. Полицијата соопшти дека е во тек интезивна потрага по лицето кое пукаше во Власи.

Азем Власи беше истакнат политичар во поранешна СФРЈ.

OhridNews
извор: „Макфакс“