Клаудио Раниер е новиот тренер на Интер. Тој на клупата на 18-кратниот шампион на Италија доаѓа на местото на Џанпјеро Гасперини кој доби отказ по слабите резултати на почетокот од сезонава.


59-годишниот Раниери во досегашната тренерска кариера ги водеше италијанските клубови Јувентус, Рома, Фиорентина, Наполи, Парма и Каљари, во Шпанија седеше на клупите на Валенсија и Атлетико Мадрид, додека во Англија го предводеше тимот на Челзи.

“Мислам дека ќе морам многу да разговарам со тимот, менталниот аспект е многу важен. Интер е одлична екипа, мораме да фатиме чекор по лошиот старт. Играчите се подготвени и имаме се’ што е потребно да се вратиме во ритам“ – изјави Раниери.

Ранеири со Интер потпиша двегодишен договор.

Ohridnews