Италијанскиот стручњак Клаудио Раниери е еден од најзаслужните за сензационалното освојувањето на титулата на Лестер во англиската Премиер лига.


64-годишниот стратег и подпретседателот на клубот, Ајиват Шривад после завршување на сезонава подготвени се да разговораат за продолжување на соработката.

Челниците на Лестер ќе му понудат договор до крајот на кариерата на Раниери кој за една сезона ги сложи коцките за шампионска титула.

Италијанецот ако реши да остане до крајот на тренерската кариера во Лестер ќе ја одбие понудата за селектор на Италија за која тој изјави дека е понудата од соништата.

Селекцијата на Италија по завршување на Европското првенство во Франција кое ќе се одржи во јуни и јули ќе остане без селектор откако Антонио Конте потпиша договор со Челси.

OhridNews