Италијанскиот стручњак Клаудио Раниери, играчите и клубот се топ тема во светските медиуими по освојувањето на титулата во Премиер лигата.
за 64-годишниот стратег ова е прва титула од национале шампионат, а тој и покрај големиот успех останува мирен и сталожен како и секогаш.
– Горд сум. Играчите беа фантастични. Нивната концетрација и одлучност и тимскиот дух не одведе до титулата. Заслуживме да бидеме шампиони и среќен сум поради сите во клубот. – рече Раниери на почетокот од разговорот со англиските новинари и додаде. – Имам 64 години и секогаш во кариерата се борев да останам позитивен покрај сите противници и проблеми. Никогаш не губев самодоверба и не се посемневав во мојот квалитет. Јас сум истиот тренер кој беше отпуштен од селекцијата од Грција и можеби сите го заборавија тој мој неуспех.
Шансите за титулата на Лестер пред почетокот на сезоната беа минимални, но како што одминуваше времето „лисиците“ покажуваа шампионски карактер.
– Не го очекував и не разговарав за титулата кога прв пристигнав овде. Јас сум прагматичен човек, сакам победа на секој натпревар и така ја водев екипата. Не знаев дека тој е рецепт ќе биде успешен. – додаде италијанскиот стручњак.
Раниери и следната сезона ќе води клубот кој ќе се натпреварува во групната фаза од Лигата на Шампиони.
– Сигурно останувам во Лестер, но знам дека ваква сезона не ќе може да се повтори. Следната сезона ќе пробаме да се бориме за десеттото место. Мора сите да растеме и напредуваме заедно. Се уште неможам да поверувам каков успех сите заедно направивме. – заврши искусниот тренер.
OhridNews