Пред празнувањето на верскиот празник „Пренос на моштите на св.архиѓакон Стефан“, во манастирскиот комплекс „Св.Стефан“ екипите на „Јавна хигиена“ извршија расчистување на магистралниот пат, односно на потегот од паркинг-просторот кај „Горица 3“ до х. „Гранит“.

„Напоменуваме дека овој отпад беше расфрлан покрај магистралниот пат , чие одржување не е во надлежност на Ј.П.„Охридски Комуналец“ , додека во туристичката населба „Свети Стефан“ Комуналец има ангажирано изршител кој секојдневно ја одржува јавната хигиена.“ – информираат од претпријатието.

Оттаму потенцираат дека од овој потег биле собрани 30 вреќи комуналец отпад, меѓу кои пластика, расфрана хартија и тешко-разградлив материјал.

OhridNews