По барање на Дебарско-кичевската епархија, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска го расчистуваа туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум“.
„По одбележувањето на празникот Св.Наум, комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Ангажирани беа 10 комунални работници и специјално возило за подигнување на собраниот отпад, со што комплексот е вратен во првобитна состојба.“ – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
OhridNews