Одронот на патниот правец Кичево-Охрид кај местото Подвис во близина на селото Извор, попладнево е расчистен. Сообраќајот е нормализиран и се одвива непречено по две коловозни ленти, информираат од АМСМ.

Причина за одронот се обилните врнежи од дожд кои предизвикаа лизгање на седумдесеттина метри кубни карпи, камења и земја кои го блокираа коловозот на магистралниот пат Охрид – Кичево. Со интервенција на екипи на Македонија пат, најпрвин беше ослободена една лента по која наизменично се одвиваше сообраќајот, а попладнево одронот целосно бил саниран.


Опасност од појава на одрони уште има и на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, поради што на возачите им се препорачува внимателно возење.

OhridNews
фото:„МИА“