Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден спровеле активности за чистење на снегот од патниот правец кон месноста Корита на Галичица.

–    Патот е расчистен од снежните наноси и прооден за лесни патнички возила. Иако одржувањето на овој патен правец е во надлежност на „Македонија пат“, во интерес на граѓаните и бројните љубители на природата се спроведе расчистувањето на патниот правец до познатото излетничко место, информираат од јавното претпријатие.

Како што неодамна изјавија од јавното претпријатие
„Македонија пат“, при расчистувањето на
патиштата се пристапува според приоритет, а овој патен правец е од четврти приоритет.