Расчистена дивата депонија кај село Рамне информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Подигнат е сиот отпад со кој несовесни граѓани се ослободиле од своите домови: душеци, кревети, бела техника, градежни материјали и др. Поради енормните количини отпад употребена е специјална механизација. Подигнат е и отпадот кој Здружението за заштита на природното и национално богатство „Енхелеус Лихнид” го собра од патот за „Беј Бунар”, информираат од претпријатието.

Воедно, додаваат дека претпријатието им излегува во пресрет на ваквите еко-акции со цел сите заедно да помогнат за почист и поубав Охрид.

OhridNews