Ј.П.Охридски Комуналец спроведе акција за расчистување на  диви депонии на четири  локации во населбата Свети Стефан, на потегот од плажата ‘Горица 3′ до поранешната детска болница.

– И оваа акција се спроведе по налог на комуналната инспекција , при што се расчистуваше градежен шут, зелен отпад и комунален отпад, кој несовени граѓани и правни субјекти, чистејќи ги своите имоти, ги одложиле на наведените локации, информираат од јавното претпријатие.

При расчистувањето била ангажирана специјална механизација и неколку работници, при што биле подигнати околу 30 метри кубни отпад.

OhridNews