На ден 04.02.2026 од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела „измама во врска со лажни сообраќајни незгоди“, при што лишено од слобода е 38-годишно лице од Охрид.

По извршен службен разговор лицето појаснило за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари, инфомираат од МВР.

До ОЈО Штип, велат, поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип лицето е спроведено пред Судија на претходна постапка при што му е одредена мерка притвор.

OhridNews