Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” расчистија уште две мапирани депонии на територијата на Општина Охрид.

Расчистени беа дивата депонија во близина на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо”, како и дивата депонија на ул.„Марко Цепенков”, информираат од претпријатието.

Согласно Програмата за работа за 2022 год., информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ биле спроведи и активности за тековно одржување на јавната чистота на јавните површини во селата Велгошти и Лескоец.

OhridNews