Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве го расчистистија речното корито на реката Грашница на потегот по улица „Прилепска“ до пресекот со улица „Железничка“.

-Моментално на овој потег нема водостој, па речното корито се расчисти од бујната вегетација, како и комуналниот отпад кој е тука расфрлан, информираат од препријатието.

Оттаму упатуваат апел до жителите кои живeат во овој потег на градот да не го исфрлаат отпадот во речното корито бидејќи со надоаѓање на реката истото ќе заврши во Охридското Езеро.

OhridNews