Ова е втората фаза од акцијата што почна лани, со финансиска поддршка на американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ од Словенија.
Според работниот план, обучените нуркачи во текот на седмицата ги вадат неексплодираниот материјал од дното на езерото, додека во неделите пронајдените експлозивни средства се уништуваат. Во акцијата овојпат се користи специјална опрема за подводно детектирање и извлекување на опасниот материјал.
По завршувањето на акцијата на 20 април ќе биде соопштен и вкупниот број на извадени неексплодирани убојни средства од дното на езерото, што датираат од периодот на Балканските и двете светски војни.