Голем број расфрлани пластични шишиња и отпад- е сликата која може да се забележи во еден од најубавите делови од стариот дел од градот- парк шумата околу Плаошник и патеката која води до плажата Лабино.

Уживањето во прошетката во прекрасната природа го намалува грдата слика за која допринеле несовесни граѓани кои очигледно сеуште не развиле навика отпадот да го фрлаат онаму каде му е местото- во корпа за отпадоци.

Од ЈП „Охридски комуналец“ објаснуваат дека тие се надлежни за подигање на отпадот од пристапните патеки од Канео кон Плаошник, но не и за целиот простор на шума паркот.

Пред година и повеќе, по барање на министерството за култура овој простор,, со одлука на советот и согласност од наша страна како јавно претпријатие  му беше даден на користење на ова министерство. Согласно тоа, за јавната хигиена на просторот надлежен е корисникот на просторот, во овој случај министерството за култура, вели директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алче.    

OhridNews