
Десната страна на потегот од пазарот кон излезот за Скопје деновиве доби малку асфалт, па така нашминкана изгледа свежо и многу подобро од раскопаните тротоари претходно. Санирањето викендот запре кај крстосницата во населбата Лескајца, а граѓаните се надеваат дека одговорните ќе ги средат оштетените тротоари по целата должина на булеварот, во спротивно радоста ќе биде краткотрајна.












