Министерството за транспорт и врски денес распиша јавен повик за доставување на барање за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници за периодот 2015 -2018 година.
Корисникот на финансиска поддршка треба најдоцна до 1. јули 2015 година да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации помеѓу аеродромот „Александар Велики“ – Скоје и континтентална Европа, Пиринејскиот полуостров и Скандинавија, како и најмалку една нова дестинација помеѓу аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и државите од континентална Европа и истите да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка. Новите дестинации да не се опслужувани со редовен превоз во последните две ИАТА сезони од аеродормите Александар Велики и Св. Апостол Павле -Охрид.
Најдоцна до 1 јули 2015 година да воспостави или да одржи база од најмалку еден воздухоплов на аеродормот Александар Велики во период за кој се додлеува финансиската поддршка. Новите дестинации треба да бидат опслужени најмалку два пати неделно во која било од ИАТА сезоните по однапред определен ред за летање, истите да не се опслужувани со редовен воздушен превоз во последните две ИАТА сезони. Исто така, треба да биде изработен план за промоција и маркетинг.
Финансиската поддршка подразбира еднократен износ од 40.000 евра во денарска противвредност за секоја нова дестинација, 13 евра во денарска противвредност по патник во заминување во првата година, 12 евра во денарска противвредност по патник во заминување во втората година и 11 евра во денарска противвредност по патник во заминување во третата година. Финансиската поддршка ќе се додели на барателот кој ќе понуди најголем број на дестинации од и до аеродромите, а во случај повеќе баратели да понудат ист број на дестинации, финансиската поддршка ќе биде доделена на барателот согласно принципот на првенство при поднесувањето на барањето за добивање на финансиска поддршка.
OhridNews