По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид распиша  Конкурс за најдобар расказ.

Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на државата. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ. Авторското право се докажува со четвртиот примерок. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2020 г. – информира Општина Охрид.

За најдобриот расказ на конкурсот предвидена е награда од 30.000 денари. Резултатите од Конкурсот ќе ги објави жири комисија најдоцна до 7 август.

OhridNews