Во чест на празникот „Св.Климент Охридски“ Патронот на Охрид за 2014 година, општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинска награда – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“.
Со наградата се оддава највисоко признание за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината, што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот. Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува и конкурс за доделување повелба- Патрон на градот.
Конкурсите траат 15 дена сметано од денот на објавувањето. Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
OhridNews