Оваа година „Охрид фест – Охридски трубадури“ ќе го прослави својот 21-ви роденден. Фестивалот кој е поделен во повеќе вечери и ќе се одржи од 20-ти до 23-ти август на градскиот кеј во Охрид, веќе го има распишано конкурсот за нови песни.
На конкурсот можат да учествуваат сите автори, кои до 15-ти јуни ќе ги испратат своите песни на електронската пошта на фестивалот. Изработките треба да бидат во „мп3“ формат, да не бидат подолги од три минути и 30 секунди и да не се претходно објавувани.
Инаку, „Охридски трубадури“ ќе бидат отворени со детскиот фестивал „Чунга лунга“, потоа следат фолк и поп вечерите, а фестивалот ќе биде затворен со интернационалната вечер.
OhridNews