
Оваа награда се доделува за научно остварување објавено во 2013 година и се доделува на поединци или на група автори од земјата или од странство. Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко – развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија, други здруженија на граѓани и граѓани.
Предлогот за доделување на наградата треба да биде образложен и да содржи : лични податоци за авторите, адреса на живеење, библиографски податоци и кратко образложение за значењето на остварувањето кое се предлага за наградата.
Повеќе детали за јавниот конкурс, кој ќе трае до 15-ти февруари годинава, може да се најдат на Веб страницата на Министерството за образование и наука на Република Македонија.
OhridNews












