Фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури” го распиша конкурсот за 18-то издание на фестивалот кое ќе се одржи на летната сцена во Долни Сарај во Охрид, кон крајот на август 2011 година.

Според најавите на организаторот на 23-ти август ќе се одржи Детски фестивал “ЧУНГА ЛУНГА”); на 24-ти август вечер на нови ѕвезди; на 25-ти август фолк вечер; 26-ти август поп вечер и на 27-ти август интернационална вчер.
 
На конкурсот на фестивалот можат да учестуваат сите автори кои во предвидениот рок – 30 април 2011 година, ќе ги испратат своите песни на официјалната адреса на фестивалот – [email protected].
     
Авторите на композициите имаат право да предлагаат интерпретатори за нивните песни, но дефинитивниот избор на пејачите го одредува Фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури”. На Конкурсот за Детскиот фестивал ЧУНГА ЛУНГА треба да се испраќаат мелодии кои одговараат на детската возраст и соодветни текстови наменети за деца.На конкурсот за Интернационалната вечер можат да учествуваат и автори од  светот, со песни кои премиерно се изведени во 2011 година или потполно нови композиции,соопшти организаторот на “Охрид фест – охридски трубадури”.

OhridNews