Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека, денес, е објавен нов оглас за  мерката „Практиканство” што се реализира со средства обезбедени од Европската Унија, односно од ИПА Програмата за околу 500 млади невработени лица.

Мерката е насочена кон создавање прво работно искуство за младите лица до 29 години години, за оние со завршено средно и високо образование. Воедно е можност и за приватните компании, под поволни услови да ангажираат млади невработени лица, да ги обучат во нивните работни простории и да се стекнат со првото работно искуство. Тие што ќе покажат најдобар квалитет и посветеност целта е да се ангажираат и задржат на работа и понатаму.

Огласот е објавен денес, а ќе трае и во следните 20 дена. Доколку има потреба, истиот ќе биде продолжен. Од министерството информираат дека во изминатите неколку години преку оваа мерка учествувале над 2.500 млади лица од кои што 1.590 се во работен однос.

OhridNews