Локалната самоуправа распиша оглас за добивање локации за поставување на времени објекти на подрачјето на општина Охрид.
-Предмет на овој оглас е добивање локација за поставување на времени објекти на подрачјето на општина Охрид, по пат на јавно електронско наддавање.
Локациите, намената и површините на времените објекти се утврдени во Програмата за поставување на времени објекти во општина Охрид (“Сл.гласник на Општина Охрид” бр. 12/2016).- стои во јавниот повик.
Локациите кои се предмет на огласот се делливи и секоја локација за времен објект претставува посебен дел. Истите ќе бидат распределени по пат на електронско јавно наддавање. Повеќе информации за ова заинтересираните може да најдат на официјалната веб страница на општината.
OhridNews