На барање на охридскиот Основен суд, Министерството за внатрешни работи преку бирото на Интерпол – Скопје распиша меѓународна потерница по 30- годишниот охриѓанец, Бојан П. кој е осомничен дека на 22- ри август со истрели од огнено оружје смртно застрела две лица на летната тераса од угостителскиот објект „ Император“.
Според досега добиените сознанија, Бојан заедно со уште едно лице Р.С. кое веќе се наоѓа во притвор, отишле во хотелот каде почнала расправија со Ромео Ѓ. околу паричен долг, по што осомничениот извадил пиштол и пукал кон него. Ромео повреден станал и бегал кон рецепцијата, каде се наоѓал сопственикот на објектот Васил Р., при што Бојан повторно пукал, погодувајќи го и него. По настанот Бојан и Р.С. со патничко моторно возило „БМВ“ се дале во бегство.
OhridNews