Во чест на празникот “Свети Климент Охридски”- Патронот на Охрид, комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распиша конкурс за доделување на Повелба- Патрон на градот “Св. Климент Охридски”.  Повелбите  се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината.

Во чест на големиот празник, градоначалникот на општина Охрид распиша конкурс и за доделување на општинската  награда – Патрон на градот  „Св. Климент Охридски“. Со наградата   се  оддава највисоко признание за животно  дело, односно долгогодишни остварувања и   врвни достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината , што претставуваат посебен придонес за развој на Општината и за нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и светот.

Право на учество на конкурсот за доделување на повелба и за Светиклиментовата награда имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

OhridNews