Општина Охрид ги распиша конкурсите за доделување стипендии за учебната 2021/2022 година за ученици од општинските средни и основни училишта во висина од 1500, 00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2021/2022 година.
За средните училишта ќе бидат доделени стипендии за талентирани ученици од втора до четврта година , за ученици кои живеат во потешки социјални услови од прва до четврта година. Тука се подразбираат ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител – старател, ученици од семејства кои остваруваат ниски месечни примања или пак се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош.
Ќе се доделат стипендии за посебни остварувања на ученици од прва до четврта година кои постигнале значајни резултати во областа на спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини.
Стипендии ќе бидат доделени и за основците. Според конкурсот ќе се доделат стипендии за талентирани ученици од четврто до деветто одделение од општинските основни училишта, за ученици кои живеат во потешки социјални услови од шесто до деветто одделение и• стипендии за посебни остварувања на ученици од прво до деветто одделение кои постигнале значајни резултати во областа на спортот, литературата, музичка, ликовна уметност и други вештини.
Рокот за доставувањето на потребните документи кои се објавени на веб страната на Општина Охрид е 20 дена по објавувањето на конкурсите.
OhridNews












