Од дебарско кичевската епархија информираат за распоредот на литургиите по повод велигденските празници во наредните денови.

Утре, понеделник, втор ден Велигден, со почеток во 8.30 часот ќе има Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви. Во вторник, Утрена со Златоустова литургија во сите парохиски цркви со почеток во 8.30 часот. За Варош,во црквата „Св. врачи Козма и Дамјан“.

На Светли четврток, литургија во црквата „Св. Јован Богослов“- Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 9.00 часот. На Источен петок-Балаклија, Утрена со Златоустова литургија  ќе има во црквата „Св.Богородица“-Каменско, (Едноцрквие) со почеток во 7.30 часот.

За Томина недела, со почеток во 8.30 часот ќе има литургија во сите парохиски цркви.

OhridNews