Во трката за членови на Советот на Општина Дебрца беа 6 листи, а во советот влегуваат пет од нив, од кои 3 партии и две независни листи.

Според последните објавени податоците од ДИК за избор на советници во идниот Совет на Општина Дебрца, советничката листа од СДСМ го добила мнозинството гласачи или 908 гласа што е  31,88%, ВМРО-ДПМНЕ освои 809 гласа или 28,41%, ГИ Димче Андрески доби 379 гласа или 13,31%, ГИ Александар Николоски 241 глас или 8,46%, ЛДП/ДОМ освои 200 гласа или 7,02 % и за советничката листа на Единствена Македонија гласале 148 избирачи или 5,20% од гласачите.

Согласно информациите добиени денес од ОИК Дебрца, распоредот на единаесетте советнички места во Советот на Општина Дебрца е следен:

  • ВМРО ДПМНЕ 4
  • СДСМ 4
  • ЛДП/ДОМ 1
  • ГИ Димче Андрески 1
  • ГИ Александар Николоски 1

Н.С.Ј.