– Победа во мечот со Дрита беше императив и со максимално ангажирана игра стигнавме до неа. Во 25-ра рунда на домашен терен ќе го пречакеме Силекс, со претпазлива игра ќе стигнеме до трите бода. Целта на почетокот од сезоната беше пласман во Европа сега сме блиску до тоа, а и се приклучивме во трката за титулата. Покрај добрите резултати не треба да летаме во облаци него чекор по чекор, натпревар по натпревар да ја остваруваме нашата цел – рече Далчески.
По 24 одиграни натпревари во елитата Металург ја дели втората позиција со Хоризонт Турново и заедно заостануваат два бодови зад лидерот Вардар.