Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во јануари 2017 година, во однос на претходниот месец, се зголемиле за 0.6, а цените на мало  за 1.1 проценти.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4.5%, свежото и разладеното овошје за 3.4%, млекото за 1.4%, сувото овошје и јаткастите производи за 1.3%, другите прехранбени производи за 0.8%, сирењето и урдата за 0.6%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5%, безалкохолните пијалаци за 0.4%, лебот и месото за 0.3%, јајцата и алкохолните пијалаци за 0.2%.

Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 9.1%, другите финансиски услуги неспомнати на друго место за 7.0%, информатичката опрема за 6.4%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 6.2%, услугите за сместување за 4.9%, гасот за домаќинствата и патниот сообраќај за 3.9%, автомобилите за 3.7%, градините, растенијата и цвеќињата за 2.7%, теписите и другите покривки за под за 1.5%, телефонските и телефакс услугите за 0.8%, алатите и опремата за куќа и градина за 0.7%, угостителските услуги за 0.6%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.5%, мебелот за 0.4%, облеката и материјалите за одржување и поправки на станот за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај рибата и морските плодови за 1.3%, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.6%, јогуртот, замрзнатото овошје и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0.2%.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај болничките услуги за 5.7%, туристичките пакет-аранжмани за 5.4%, телефонската и телефакс опремата за 3.4%, обувките за 1.7%, лековите за 0.6% и услугите за лична хигиена за 0.2%.

Индексот на трошоците на животот во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, бележи порастод 0.6%, а индексот на цените на мало бележи пораст за 1.5%.

OhridNews