Уште две лица починале како последица на тешките изгореници здобиени во ерупцијата на вулканот на новозеландскиот Бел остров, соопшти тамошната полиција. Со тоа бројот на жртви се искачи на осум, а деветмина се водат за исчезнати.

Според полицијата, седум од исчезнатите лица се туристи од Австралија, а двајца се водичи од Нов Зеланд.

Вулканот на Белиот остров еруптираше во понеделникот за време на посета на група туристи. Претходно сеизмолозите и вулканолозите забележале зголемена активност на вулканот, поради што нивото на опасност било подигнато, што било игнорирано од страна на туристичките агенции.

OhridNews