Во изминатите денови беа спроведени повеќе активности, а собраните средства од акцијата ќе бидат употребени за набавка на храна која ќе им биде донирана на семејства од Охрид и Дебарца.
Во акцијата се вклучени граѓани, фирми како и неколку охридски ресторани, кои дел од неделната заработувачка ќе ја донираат за помош на социјално загрозените семејства. Акцијата ја поддржува и Лајонс клуб „Десарети“ чии членови донирале 28 прехранбени пакети.
На ниво на општина Охрид вкупно евидентирани се 850 социјално загрозени семејства. Нивниот број е поголем со оглед на тоа што има многу семејства кои ни се обраќаат, чии членови со месеци не зеле плата и буквално немаат што да јадат, а во Центарот за социјални грижи не се евидентирани како социјално загрозени семејства, велат од Црвениот крст.