Бројот на децета кои изминатите неколку дена починаа во една болница во северната индиска држава Утар Прадеш, поради енцефалитис и проблеми со испораката на кислород, се искачи на 60, јавува „Макфакс“ повикувајќи се на светските агенции.

Властите соопштија дека стравуваат дека бројот на починати би можел да се зголеми, пренесува АФП. Отворена е истрага, а родителите на децата тврдат дека причина за смртта е недостиг од кислород. Локалниот надлежен претставник за здравство Р.С.Шукла, ги негира обвинувањата на локалните медиуми, според кои, недостигот на кислород е причина за смртта на децата, до што дошло откако приватниот доставувач на кислород, престанал да испорачува кислород поради неплатени болнички сметки, пренесува Ројтерс. 

Меѓу починатите деца е и едно бебе, но и деца до 12 години. Шукла изјавил дека барем десет деца починале поради енцефалитис, болест што предизвикува воспаление на мозокот, додека останатите деца починале поради “проблеми со испораката“ на кислород, без при тоа да даде повеќе информации.

OhridNews
извор: „Макфакс“