Депонијата кај месноста  Мауцкер од ден во ден е се поголема. Покрај градежен шут, на ова ѓубриште, кое е во непосредна близина на Охрид, во последните неколку месеци  надиво се истовараат и други видови на отпадоци. Крајно време е надлежните  инстиуции  и граѓаните да превземат соодветни иницијативи и мерки за да се спречи натамошното уништување на животната средина, затоа што постои опасност на Охрид  да му се случи депонија слична како онаа во Тетово. Излезот од проблемот со одлагање на отпадот надлежните со години го бараат во изградба на легална регионална депонија, но поради проблеми со изборот на локацијата и други недоразбирања, сметот од општините и натаму се одлага на несоодветен начин.


Расте депонијата кај Мауцкер

Ohridnews