Дваесет и шесте јапонски цреши, кои се засадени во чест на Тоше Проески,  изминативе неколу дена се вистински украс за паркот на охридскиот градски кеј. Тие ги развија своите први цветови и се вистински симбол на големината и младоста на починатата музичка ѕвезда.

Црешите беа засадени на крајот на октомври, минатата година, во рамки на акцијата на Македонски шуми, во која што охридската локална самоуправа се вклучи заедно со  триесетина други општини од Македонија.


Расцветаа црешите на Тоше во Охрид


Е.Е.