Македонските пратеници ја ратификуваа Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност и Факултативниот протокол на Конвенцијата. Конвенцијата, од страна на пратениците беше прифатена едногласно. Дел од пратениците сметаат дека документот претставува обврска за да се продолжи со усогласување со нашето законодавство, како и дека треба да бидат донесени и акциски планови и акти за нејзина реализација.

Од здруженијата на лица со инвалидност го поздравуваат ваквиот чекор кој значи зголемување на обврските на Владата и парламентот околу   донесување на законски прописи за зголемувањето на правата и бенифициите, се со цел да дојде до подобрување на условите за живот на лицата со попреченост.

OhridNews