Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес утрово го соопшти официјалниот состав кој ќе и се спротистави на Јапонија во првиот меч на Мундијалот во Германија и Данска. Натпреварот започнува во 15 часот и 30 минути.

Од 18-те ракометари кои отпатуваа на СП отпаднаа голманот Златко Даскаловски и пивотменот Милан Лазеревски кој во последен миг беше повикан како замена за повредениот Димитар Димитриоски.

„Црвено жолтите“ во спортската сала во Минхен ќе го одиграат премиерниот натпревар од шестото учество на Мундијалите и воопшто во групата Б. Македонија најдобар пласман на Мундијалите избори во Катар 2014 година се пласираше на 9-та позиција.

Составот: Борко Ристовски, Никола Митревски, Мартин Поповски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Кире Лазаров, Мартин Серафимов, Велко Маркоски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Горан Крстевски, Филип Чурлевски и Марио Танкоски.

OhridNews