Новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес Гутиерез го објави поширокиот список за престојниот квалификациски дуел со Исланд за пласман на Европското првенство во Хрватска следната година. Шпанскиот стручњак кој истовремено работи и во Вардар во селекцијата ги врати Борко Ристовски, Немања Прибак и Ацо Јоноски кој беа изоставени од претходниот селектор Лино Червар.


Предводникот на Македонија во поширокиот список не најде место за Благојче Трајкоски кој на високо ниво брани сезонава во дресот на Охрид со кој ја покорија Супер лигата.

Во поширокиот список покрај Ристовски на голманската позиција се наоѓаат Кирил Колев од Пелистер, Мартин Томовски од тимот на Металург и Даниел Ѓорѓески од Вардар Јуниор.

Натпреварот со Исланд на домашен терен „црвено жолтите“ го играат на 4 мај со почеток во 20 часот. По два одиграни натпревари Македонија има половичен скор победа и пораз.

Списокот:

OhridNews