Репрезентативците на Македонија предводени од Раул Гонзалес на клупата одиграа нов маестрален натпревар на Европското првенство во Хрватска ремизирајќи (25-25) со бранителот на трофејот Германија. „Црвено жолтите“ во главната фаза ќе пренесат три бодови, а ако се поклопат коцките мечевите ќе ги започнат од првата позиција.
– На ракометарите им е чест што играат за Македонија, а јас сум нивни горд селектор. Работиме напорно од првиот ден, знаеме што сакаме и резултатот не е случаен. – рече Шпанецот и додаде околу натпреварот. – Двете селекции имаа шанса да победат, но мора да признаеме ремито е најреален резултат. Имаме три бодови и во Вараждин патуваме со цел која ќе се потрудиме да ја оствариме.
Македонија мечевите во главната фаза ќе ги започне на 21 јануари со првиот од Д групата, а потоа играат на 23 со треропласираната и на 24 јануари второпласираната селекција од истата група.
OhridNews