Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез, го објави списокот од 19 ракометари на кои ќе смета на подготовките за време на ЕХФ неделата што ќе трае во периодот од 02 до 08 април 2018 година.
Ракометарите во овој период ќе се подготвуваат за претстојните бараж натпревари за Светското Првенство 2018 што Македонија ќе ги одигра против селекцијата на Романија во јуни.
Покрај тренинзите во Скопје, нашите репрезентативци во текот на ЕХФ неделата ќе одиграат и еден пријателски натпревар од затворен карактер против репрезентацијата на Русија.
Списокот:
Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовска
Крила: Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Дејан Манасков
Бекови: Филип Талески, Горан Крстевски, Кирил Лазаров, Филип Кузманоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Мартин Серафимов
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски.
OhridNews