Ракометниот клуб Вардар ќе ја брани титулата на завршницата од Лигата на Шампиони, откако во 1/4 финалето го елиминираше составот на Кил со вкупен резултат (56-56). „Црвено црните“ иако изгубија во Скопје (28-27) во Келн патуваат поради победата со гол повеќе во Манхајм (29-28) во првиот меч од 1/4 финалето.

– Игравме под притисок, но со големата поддршка од трибините успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат. Кил играше одлично, горд сум на моите играчи и поради тоа што сум нивни тренер. Сега ни претстои Ф4-турнирот во Келн. Ќе одмориме малку, а потоа ќе можеме да се подготвуваме за она што ни претстои во Келн. Вардар е шампион и треба да ја брани титулата во Келн. Сепак, мораме да бидеме добро подготвени. Таму нема да има фаворити туку ќе мора да се прикаже најдоброто за да се обезбеди победа. – изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Покрај македонскиот шампион билет во Келн обезбедија тимот на Нант во кој настапува Кири Лазаров, Монпеље и Пари Сент Жермен.

OhridNews