Македонија неочекувано лесно и убедливо загуби од Шпанија (31-20) на стартот од главната фаза во втората група која се игра во Вараждин. Поразот е мала во грижа со оглед на повредата на Кире Лазаров кој воопшто потоа не влезе во игра.
– Игравме катастрофално уште од првата минута. Мора што побрзо да го заборавиме овој меч и да се фокусираме на следните предизвици. После повредата на Лазаров ситуацијата беше уште потешка и стана јасно дека ќе изгубиме. Не сум сигурен дека ќе го имаме во следните мечеви Лазаров. – изјави Раул Гонзалес.
„Црвено жолтите“ во втората рунда ќе се сретнат со Чешка во меч во кој немаат право на грешка.
ЕП: Натпревар за заборав на Македонија
OhridNews