Македонскиот првак Вардар го освои целиот плен во Манхајм победувајќи го Рајн Некар Левен (33-27) во седмата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.


„Црвено црните“ одиграа речиси перфектен натпревар, а сиот свој потенцијал и квалитет го покажаа во вториот дел, кога буквално го растурија својот противник.

– Сите ракометари го дадоа максимумот на овој натпревар и јас сум горд поради сето тоа. Мечот со Рајн Некар беше многу важен за нас, бидејќи знаевме што не очекува. После оваа победа се насочуваме кон следниот меч кој исто така го играме против германците, но во Скопје пред нашата верна публика. – рече шпанскиот стратег Раул Гонзалес Гутиерез.

Со триумфот над германскиот бундеслигаш ракометарите на Вардар се одлепија на врвот од Б групата со 12 бодови. Второпласиран на табелата е полскиот шампион Киелце со два бодови помалку, а третата позиција ја зазема Рајн Некар со девет бодови.

ЛШ: Вардар „протече“ во Манхајм

OhridNews