Иконата на шпанскиот фудбал, Раул Гонзалес го постигна 400 погодок во својата богата кариера. Шпанецот го постигна првиот гол во убедливата победа на Шалке над Волфзбург со 4-0.


Голем број од погодоците (323) Раул ги постигна во дресот на Реал Мадрид. Во репрезентацијата на Шпанија стрелец беше на 44 погодоци додека во Шалке стигна до бројката 33.

Ѕвездените моменти во кариерата Раул ги достигна во Реал Мадрид освојувајќи три титули во Лигата на Шампиони, и два пати беше најдобар стрелец. Со 72 постигнати гол тој е рекордер по бројот на постигнати голови во европските натпреварувања.

Мх.П.