Долгогодишниот капитен на Реал Мадрид, Раул Гонзалес со погодок и солзи се збогуваше од навивачите на „Сантијаго Бернабеу“. Тој во Мадрид допатува со својот клуб Ал Сад да игра на купот, кој го организираат „кралевите“.

Неговиот сегашен клуб загуби со убедливи 5-0, а Раул настапи по едно полувреме за двете екипи. Покрај овациите од преполниот стадионот Раул ја доби капитенската лента од Икер Касиљас и го промена дресот со сегашната седмица Кристијано Роналдо.

Мх.П.